Свет

Американскиот државен секретар пристигна во официјална посета на Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во официјална посета на Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во официјална посета на Израел, неколку дена по израелскиот ракетен напад во Доха, главниот град на Катар, насочен кон лидерите на Хамас, објави „i24 News“.

Се очекува Рубио да оствари средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– На пат кон Ерусалим сум. Мој приоритет ќе биде враќањето на заложниците, обезбедување начин хуманитарната помош да стигне до цивилите и справување со заканата од Хамас, напиша Рубио на социјалната мрежа „Икс“.

Израел во вторникот изврши напад врз станбен комплекс во Доха, каде што престојувале водачи на Хамас. Во нападот загинаа петмина членови на Хамас и еден катарски безбедносен офицер.

Катар, заедно со Египет и САД, е посредник во индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за постигнување договор за размена на заробеници и заложници и за прекин на огнот во Газа.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top