Свет

Американците среќни за крајот на војната со Иран, но…

Само 22 отсто од Американците рекоа дека постигнатиот договор со Техеран е подобро за САД отколку за Иран

Првата анкета откако администрација на Доналд Трамп потпиша меморандум за разбирање со Иран покажува што на почетокот звучи како добра вест за претседателот: Американците со големо мнозинство се согласуваат дека војната треба да заврши наместо да го притиска Техеран за дополнителни отстапки.

Но, граѓаните не го поддржуваат овој потег затоа што всушност им се допаѓа самиот договор, туку затоа што сметаат дека војната се покажа како целосно фијаско и само сакаат се да заврши што побрзо.

Новата анкета спроведена од CBS News и YouGov покажува дека дури 78 отсто од Американците сакаат војната веднаш да заврши, додека само 22 отсто сметаат дека треба да истраат и „да продолжат да се борат додека Иран не се согласи на поголеми отстапки“.

Но, остатокот од истражувањето јасно покажува дека тоа воопшто не е точно.

Кога граѓаните беа замолени да ја оценат содржината на самиот договор, само 22 отсто од Американците рекоа дека тоа е подобро за САД отколку за Иран.

Значително повеќе од нив, или 37 отсто, се убедени дека договорот е поповолен за Иран, додека останатите 41 отсто од испитаниците одговориле дека картите се подеднакво поделени.

Новата анкета на CBS дава уште поразителни бројки за Белата куќа:

68 отсто од испитаниците велат дека конечниот договор нема да го спречи Иран да продолжи да им се заканува на другите земји (со што се согласуваат речиси половина или 48 отсто од анкетираните републиканци).
79 отсто сметаат дека овој потег воопшто не ги омекнал антиамериканските ставови на иранските лидери.
74 отсто велат дека договорот не донел безбедност и слобода на иранскиот народ, што Трамп го истакна претходно оваа година како една од неговите главни мотиви.
Забележлив и постојан детал во сите истражувања на јавното мислење за оваа војна е ставот дека конфликтот не само што се покажа како неуспешен, туку и целосно контрапродуктивен.

Трамп се фали дека војната воено го уништи Иран и ја уништи неговата нуклеарна програма, но само 37 отсто од Американците навистина веруваат дека Иран денес е послаб отколку пред избувнувањето на конфликтот.

Повеќе од 60 отсто од нив веруваат дека Иран е толку силен (38 отсто) или дури посилен отколку што беше (25 отсто).

Најнови вести од: Свет

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

Најнови вести

To top