Свет

Анкета: Повеќето Германци не би ја бранеле земјата во случај на војна

Дури 59% од анкетираните рекле дека „веројатно нема“ или сигурно нема да ја бранат Германија со оружје доколку земјата биде нападната

Само еден од шест Германци велат дека би биле подготвени да носат оружје без двоумење во случај на воен конфликт, според ново истражување, објавува германската новинска агенција ДПА.

Шеснаесет проценти од испитаниците во анкетата, спроведена за медиумската група RND од страна на фирмата за истражување на јавното мислење Форса, рекле дека „дефинитивно“ би се бореле, а 22 проценти рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа.

Јасно мнозинство, 59 проценти, рекле дека „веројатно нема“ или сигурно нема да ја бранат Германија со оружје доколку земјата биде нападната. Кај жените, овој процент се зголемува на 72 проценти.

Повеќето веруваат дека ќе мора да ги бранат сојузниците

Во исто време, повеќе од една четвртина од испитаниците (27 проценти) рекле дека сметаат дека воен напад врз Германија во следните пет години е многу или умерено веројатен.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top