Свет

Австралија прва во светот ќе го забрани Јутјуб за деца

Дури 37 проценти од децата на возраст од 10 до 15 години гледале штетна содржина на платформата

 

Австралија објави дека ќе стане првата земја во светот што ќе им забрани на децата да го користат Јутјуб, со што ќе ја поништи претходната одлука за изземање на платформата за споделување видеа.

Тогаш медиумски компании како што се Facebook, Instagram, Snapchat и TikTok се пожалија дека изземањето за YouTube е неправедно.

Австралискиот регулатор минатиот месец ја повика владата да го повлече изземањето за Јутјув откако една студија покажа дека 37 проценти од децата на возраст од 10 до 15 години гледале штетна содржина на платформата, најмногу од која било друга платформа на социјалните медиуми.

„Социјалните медиуми имаат општествена одговорност и нема сомнение дека онлајн платформите негативно влијаат врз австралиските деца“, рече премиерот Ентони Албанезе во соопштението.

„Социјалните медиуми им штетат на нашите деца и сакам австралиските родители да знаат дека ние сме тука да им помогнеме“, додаде тој.

Сопствениците на социјалните медиуми ќе бидат казнети со 32,2 милиони долари почнувајќи од декември ако го прекршат законот усвоен од парламентот во ноември минатата година.

Портпаролот на Јутјуб изјави дека компанијата ќе ги разгледа следните чекори и ќе разговара со владата.

„Ја делиме целта на владата за намалување на штетата предизвикана од користењето на интернет. Нашиот став е ист: Јутјуб е платформа за споделување видеа со бесплатна, висококвалитетна содржина. Јутјуб не е социјална мрежа“, напиша портпаролот во е-пошта.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top