Свет

Бардела, можниот кандидат за претседателските избори во Франција во 2027, најави отстранување на знамето на ЕУ од Елисејската палата, ако победи!

„Французите поседуваат вековна сила, способна да го разгори нивниот пламен како народ кога сè изгледа дека тој пламен бледнее. Сега реалноста во Франција е горчлива: по десет години макронизам, нашата земја страда од невидено индустриско и земјоделско распаѓање. “ – порачаа Жордан Бардела и Мари Лепен, лидери на партијата Национално собирање на Франција, на вчерашниот митинг одржан во Париз. Инаку, на 30 април, еден ден пред митингот, Жордан Бардела отворено најави отстранување на знамето на ЕУ од претседателската Елисејска палата и од премиерската резиденција Матињон, ако победи на претседателските избори во 2027 година. Во својата изјава Бардела нагласи дека „Елисејската палата не е обична зграда, туку место со силно историско и симболично значење“. Како што рече, „тоа е дом на францускиот народ“ и „токму затоа верува дека таму треба да се истакнува само француското знаме“. Во меѓувреме, на крајот на годинашниов март, неколку градоначалници од редовите на Националното собирање, избрани на општински избори, веќе ги отстранија знамињата на Европската Унија од своите општински сали.

Mâcon, France, le 1er mai 2026. Marine Le Pen et Jordan Bardella ont tenu un meeting politique du Rassemblement National RN à l'occasion du 1er mai à Mâcon. photo : LP / Olivier Corsan

„Соочени со овој пад, ние предлагаме проект за радикални промени и национална обнова.“ – нагласија на митингот двата лидера на оваа партија, која, според мерењата на јавното мислење и според прогнозите на политичките аналитичари во Франција и во Европа, има сериозни шанси да победи со свој кандидат на претседателските избори во 2027 година. Макрон најави дека нема да ја продолжи својата политичка кариера по овие избори. Проценките се дека Жордан Бардела има значителни шанси да победи на овие претседателски избори. Бардела ќе се појави како можен кандидат за претседателските избори, но само ако судот ѝ забрани на Марин Ле Пен да се кандидира.

Националното собирање на Франција вчера на митингот порача дека во нејзината програма „приоритет е и заштита на границите и систематската депортација на имигранти без документи, на деликвенти и странски криминалци. „Националното собирање на Франција како партија е подготвено да ги преземе своите одговорности за промена на власта и за вистинска национална ренесанса на Франција.“ – беше кажано на споменатиот митинг во Париз.



Најнови вести од: Свет

Добра вест за светот: Цената на нафтата Брент падна 97 долари за барел

И покрај постојаната неизвесност, податоците за следење на бродовите укажуваат на постепено ублажување на регионалните нарушувања, при што неколку танкери за течен природен гас поминаа низ Ормускиот теснец на пат кон Пакистан, Кина и Индија.

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

To top