Свет

Белата куќа со анимирано видео покажа како го соборува иранскиот режим

Иранските претставници се прикажани како кегли што паѓаат по американски удар прикажан како топка со пруги во боите на американското знаме

Анимирано видео, во кое прикажува напад врз нуклеарната програма на Иран, објави Белата куќа на својот официјален профил на X платформата.

Видеото, кое трае приближно 34 секунди, користи метафора за куглање: иранските претставници се прикажани како кегли, а американскиот удар е прикажан како топка со пруги во боите на американското знаме што ги соборува.

На крај на видеото монтирана се реални снимки од ракетата која погодува иранска цел придружено со натпис „STRIKE’“ (удар)..

Белата куќа објави неколку вакви видеа во последните недели кои комбинираат снимки од вистински напади врз ирански цели со елементи од филмови, видео игри и други медиуми како дел од операцијата „Епски бес“, чија официјална цел е да се уништи ракетниот арсенал и морнарицата на Иран и да се спречи развојот на нуклеарно оружје.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

To top