Свет

Белата куќа со фотомонтажа на Трамп со пингвин, Гренланѓанец со видеомонтажа како тој бега од мечка

Објавата на Икс предизвика лавина реакции, меѓу кои и духовити во врска со претседателот на САД и неговата амбиција за Гренланд

Белата куќа објави фотомонтажа на која се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп шета низ снегот со пингвин, при што пингвинот носи американско знаме, а во далечината може да се види гренландското знаме на планинска падина.

Сликата, објавена на официјалниот профил на Белата куќа на Икс, прикажува снежен, леден пејсаж со планини во заднината и со широка бела рамнина во преден план.

Фотомонтажата има „мал“ недостаток: пингвините се природно распространети исклучиво на јужната хемисфера, првенствено на Антарктикот и во јужниот дел на Латинска Америка, Африка, Австралија и Нов Зеланд, а видот не се наоѓа на северната хемисфера, вклучувајќи го и Гренланд.

Објавата на Икс предизвика лавина реакции од корисници на социјалната мрежа, меѓу кои и таа на Орла Јоелсен, кој се претставува како „Ја сакам мојата земја Гренланд и горд сум што му го покажувам тоа на светот“ и кој возвраќа со видеомонтажа од Тик-ток во која Трамп бега од бела мечка.

Најнови вести од: Свет

Се шири воениот судир во Иран: Израел напаѓа негови енергетски објекти, Иранците тврдат оти се подготвени за шестмесечно војување

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која како цели се наведуваат енергетските ресурси во земјата. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огнени експлозии и густ чад над Техеран. На една од снимките, направена од автомобил во движење низ градска улица, се гледа како големи облаци чад се издигнуваат над делови од иранската престолнина. Снимките беа објавени откако Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле „неколку комплекси за складирање гориво“ во Техеран.

(Видео) Ноќеска најголемите досега бомбардирања на Иран – Трамп ја најавува следната цел „специјална Куба“?!

Силни експлозии се слушнаа во Техеран во текот на изминатава ноќ, на 6-ти спроти 7 март 2026 година. Нападите продолжија до раните утрински часови денес. Ова е осми ден од воените дејства во Иран и веќе пошироко на Блискиот Исток. Беше погоден аеродоромот Мехрабад. Воздушни напади беа пријавени и во други ирански градови. „Беа чуени огромни експлозии и беа забележани големи пожари низ Техеран, додека во американско-израелските напади беа погодувани цели во иранскиот главен град од синоќа, до ова саботно утро.“ – објави „Ал Џазира“ утринава. Американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека ноќта била обележана со најголемата кампања на бомбардирање во Иран, насочена кон системи за лансирање ракети и фабрики.

To top