Свет

Од првичните 10 проценти, Трамп го зголеми „глобалниот данок“ на 15 отсто

Еден ден по одлуката на Врховниот суд да му ги укине ланските царини, американскиот претседател со нова давачка за извоз во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, извести за зголемување од 10 на 15 проценти на претходно воведените увозни давачки против сите земји во светот, како одговор на одлука на Врховниот суд да му ги укине царините.

„Јас, како претседател на САД, веднаш го зголемувам глобалниот данок по стапка од 10 отсто за земјите, од кои многу ги „ограбуваа“ САД со децении без никаква компензација (додека не се појавив јас!), на целосно дозволено и законски потврдено ниво од 15%“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој додаде дека ја донел одлуката, „врз основа на темелна, детална и целосна“ ревизија на „исклучително антиамериканската“ одлука на Врховниот суд.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top