Свет

Белата куќа со фотомонтажа на Трамп со пингвин, Гренланѓанец со видеомонтажа како тој бега од мечка

Објавата на Икс предизвика лавина реакции, меѓу кои и духовити во врска со претседателот на САД и неговата амбиција за Гренланд

Белата куќа објави фотомонтажа на која се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп шета низ снегот со пингвин, при што пингвинот носи американско знаме, а во далечината може да се види гренландското знаме на планинска падина.

Сликата, објавена на официјалниот профил на Белата куќа на Икс, прикажува снежен, леден пејсаж со планини во заднината и со широка бела рамнина во преден план.

Фотомонтажата има „мал“ недостаток: пингвините се природно распространети исклучиво на јужната хемисфера, првенствено на Антарктикот и во јужниот дел на Латинска Америка, Африка, Австралија и Нов Зеланд, а видот не се наоѓа на северната хемисфера, вклучувајќи го и Гренланд.

Објавата на Икс предизвика лавина реакции од корисници на социјалната мрежа, меѓу кои и таа на Орла Јоелсен, кој се претставува како „Ја сакам мојата земја Гренланд и горд сум што му го покажувам тоа на светот“ и кој возвраќа со видеомонтажа од Тик-ток во која Трамп бега од бела мечка.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top