Свет

Бурата „Алис“ беснее низ Шпанија(ВИДЕО)

Бурата „Алис“ започна да беснее во Шпанија утрово во 10 часот, заканувајќи се да ги преплави медитеранските региони

Бурата „Алис“ започна да беснее во Шпанија утрово во 10 часот, заканувајќи се да ги преплави медитеранските региони, вклучително Коста Бланка, Мурсија и Балеарските Острови. Според метеоролошката служба AEMET, во Аликанте е издаден црвен аларм поради очекувани врнежи од над 140 милиметри за само 12 часа, што носи ризик од катастрофални поплави. „Огромна опасност. Можни се поплави и поројни бранови. Следете ги упатствата на цивилната заштита“, соопшти AEMET.

https://x.com/iluminnatii/status/1976330285655711951

Ова предупредување потсетува на минатогодишната трагедија кога поплави во регионот однесоа 220 животи, според „Дејли меил“. Бурата, која се очекува да трае до понеделник, 13 октомври, може да предизвика хаос во Западна Европа, особено во рамничарските области, потоци и клисури. Портокалово предупредување е издадено за Ибица, каде службите за итни случаи се во состојба на готовност.

https://x.com/Lucassayala/status/1976569224278802752

Регионот не е непознат за вакви временски непогоди. Минатиот месец силни дождови предизвикаа затворање на училишта, блокирање на патишта и железници, како и поплави во локалните населби. Лани, катастрофалните поплави предизвикаа протести поради ненавремените реакции на властите, а сега стравувањата од повторување на сценариото се зголемуваат.

https://x.com/cartaginense51/status/1976578896192733617

Најнови вести од: Свет

Трамп се закани: Ако Иран ги прифати условите „Епскиот бес“ ќе заврши, во спротивно ќе уследи засилено бомбардирање!

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека ако Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно.

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

To top