Свет

Црвено предупредување во Шпанија: Температури до 42 степени

Од Aemet посочуваат дека ова е вториот топлотен бран ова лето, по јуни, кој беше вториот најтопол месец досега забележан, со просечна температура за 3,2 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

Шпанската метеоролошка агенција (Aemet) издаде црвено предупредување за екстремно високи температури во делови од Каталонија, Валенсија и Сарагоса, каде во текот на денот се очекува температурата да достигне меѓу 40 и 42 Целзиусови степени.

Највисокото ниво на предупредување укажува на исклучително опасни временски услови, со можни сериозни последици за населението и материјалните добра. Според прогнозите, новиот топлотен бран ќе трае до задутре.

Шпанија е една од европските земји што најсилно ги чувствува последиците од климатските промени. Иако високите летни температури не се невообичаени, во последните години земјата се соочува со сè почести и поинтензивни топлотни бранови.

Од Aemet посочуваат дека ова е вториот топлотен бран ова лето, по јуни, кој беше вториот најтопол месец досега забележан, со просечна температура за 3,2 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

Минатото лето Шпанија се соочи со најразорните шумски пожари во поновата историја. Честите горештини, во комбинација со намалените врнежи и сувата вегетација, создаваат услови за брзо ширење на пожари.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top