Свет

Четиринаесет мигранти загинаа по судир со брод на грчката крајбрежна стража

Дваесет и четири лица се спасени, од кои некои се сериозно повредени, а други наводно сè уште се водат како исчезнати

Најмалку 14 мигранти загинаа откако глисер што ги превезувал се судрил со брод на Грчката крајбрежна стража покрај брегот на островот Хиос доцна во вторникот, јав Би-Би-Си.

Грчките власти соопштија дека глисерот правел опасни маневри и дека во моментот на судирот била во тек потера во теснецот Хиос, во близина на селото Вронтадес.

Дваесет и четири лица се спасени, од кои некои се сериозно повредени, а други наводно сè уште се водат како исчезнати.

Крајбрежната стража сè уште не ги разјаснила точните околности околу судирот.

Операцијата за пребарување и спасување била во тек во вторник вечерта, во која учествувале четири брода на крајбрежната стража, приватен брод што превезувал цивилни нуркачи и хеликоптер.

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека меѓу повредените има седум деца, една бремена жена и двајца офицери на крајбрежната стража.

Првично беа пријавени четири смртни случаи, но ажурирањето објавено во 23:00 часот по локално време вели дека се пронајдени уште десет тела, со што бројот на потврдени жртви се искачи на 14.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top