Свет

Четворица убиени, десетина ранети на семејна забава

Меѓу жртвите има деца и возрасни,

 

Четири лица беа убиени, а 10 други беа ранети во пукотница на семеен собир во сала за забави во Стоктон, Калифорнија, соопштија полициски службеници во саботата.

Меѓу жртвите има деца и возрасни, изјави Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин.

Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата на местото на настанот.

Локалните службеници изјавија дека осомничениот вооружен напаѓач сè уште не е уапсен и апелираат за помош од јавноста. Детективите сè уште работат на утврдување на евентуалниот мотив.

Стоктон е град со 320.000 жители, сместен околу 64 километри јужно од Сакраменто.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top