Свет

Данска забранува летови со дронови покрај воени бази поради безбедносни закани

Данска воведе забрана за летови со цивилни дронови,

Данска воведе забрана за летови со цивилни дронови, откако дронови биле забележани во текот на ноќта во близина на неколку воени објекти. Ова следи по една недела во која дронови предизвикаа привремено затворање на повеќе дански аеродроми.

Данската војска соопшти дека како одговор на ноќните набљудувања кај базите, распоредила „неколку капацитети“, но не даде детали за природата на реакцијата, пренесува агенцијата Ројтерс.

Летовите на дронови порано оваа недела ја принудија Данска да затвори неколку аеродроми, вклучувајќи и речиси четиричасовно затворање на аеродромот во Копенхаген во понеделникот.

Данските власти ги означија овие инциденти како дел од „хибриден напад“. Иако не е официјално посочено кој стои зад тоа, премиерката Мете Фредериксен посочи дека Русија би можела да биде вмешана, нарекувајќи ја „главна закана за европската безбедност“. Кремљ ги негираше обвинувањата.

Според новата забрана, цивилните дронови нема да смеат да летаат во данскиот воздушен простор од понеделник до петок наредната недела, во период кога Данска, која во моментов претседава со ЕУ, ќе биде домаќин на европски лидери.

„Во моментов се наоѓаме во сериозна безбедносна ситуација и мораме да обезбедиме најдобри можни услови за работа на вооружените сили и полицијата, додека тие се задолжени за безбедноста за време на самитот на ЕУ,“ изјави министерот за одбрана, Труелс Лунд Поулсен, во соопштение.

Данска во среда ќе биде домаќин на лидерите на ЕУ, а во четврток и на самитот на пошироката Европска политичка заедница, која брои 47 членки и е формирана за да го зајакне поврзувањето меѓу ЕУ и други пријателски европски држави по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Германски противвоздушен фрегат пристигна во неделата во Копенхаген со цел да помогне во надгледувањето на воздушниот простор за време на овие високопрофилни настани.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top