Македонија

Малески ја обвини Македонија дека нема капацитет за решение за спорот со Бугарија

Не е оптимист за иднината на нашата држава која, неминовно, ќе продолжи да слабее на сите фронтови

Првиот македонски шеф на дипломатијата Денко Малески смета дека иднината на Македонија е црна ако се чека на трошките кои паѓаат од масите на Вашингтон, Будимпешта и други земји кои тој ги нарекува одпадници.

Малески кој своевремено изјави дека Македонците и Бугарите биле ист народ сега тврди дека Македонија е таа која што нема капацитет да најде решение за спорот со Бугарија.

Тој се обидува да докаже дека за Македонија единствена гаранција е ЕУ а САД ја става меѓу земјите од кои не треба да се чекаат трошки.

,,На нерешениот руско-украински конфликт сега се надоврза војната на Израел и на Америка против Иран. Како ќе изгледа светот откога ќе завршат овие војни, и кога воопшто ќе завршат, само еден Бог знае. Тоа, секако, нема да биде истиот свет. А Македонија? Нема анализа во светот која не се согласува со фактите дека најбезбедното пристаниште за мала држава како Македонија е ЕУ. Дури и оние кои не мислат дека останувањето надвор од членството не мора да значи и брз крај на државата, се согласни дека никаде Македонија нема да ги најде сите елементи за опстанок како во ЕУ. Имено, ЕУ нуди безбедност, економски просперитет, демократска трансформација, финансиска поддршка и поддршка за правна држава, се на едно место”, пишува Малески.

Според Малески Македонија во надворешната политика почнува да наликува на Србија која, во отсуство на способност да ги апсолвира прашањата кои ја кочат на патот кон ЕУ, пред се проблемот со Косово, балансира.

,,Во отсуство на способност да ги апсолвира прашањата кои ја кочат на патот кон ЕУ, пред се проблемот со Косово, (Македонија) балансира помеѓу големите сили и гради односи со „отпадниците“ од ЕУ, како Унгарија, на пример. Иста е и нашата формула за опстанок: во отсуство на способност да го апсолвираме прашањето со Бугарија, се обидуваме да правиме некаков баланс меѓу Брисел, Вашингтон и Будимпешта. Оваа карикатура на балансирање е затоа што сме премногу мали за класично балансирање меѓу големите сили какви што се САД, Русија, Кина, Индија… Имено, додека Србија е регионална сила и има извесна моќ, Македонија е во категоријата на мали држави (small states) кои се премногу слаби за таква политика”, смета Малески.

Тој воопшто не е оптимист за иднината на Македонија.

,,Згора на тоа, тоа е политика за гол опстанок која не лишува од секакво влијание во светот која би ја добиле со членството во ЕУ. Вон од преговарачкиот процес, „со децении ако треба“, како што вели премиерот, безбезбедноста, благосостојбата, демократската трансформација, финансиската поддршка и правната држава, ставени пред нас на европската маса, ќе ја наоѓаме во трошките кои паѓаат од масите на Вашингтон, Будимпешта или кој и да е. Така гледано, воопшто не сум оптимист за иднината на нашата држава која, неминовно, ќе продолжи да слабее на сите фронтови”, заклучува Малески во текст кој го објавуваат бугарски медиуми.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top