Свет

Денеска нова рунда директни преговори меѓу Русија и Украина

Украина се брани од руска инвазија со поддршка од Западот речиси четири години.

Украина и Русија денеска ќе одржат директни преговори во Абу Даби, со цел да најдат решение за ставање крај на војната што трае речиси четири години, објави германската новинска агенција ДПА.

Кремљ и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврдија датумот, но не прецизираа други детали. Директните преговори меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела по долга пауза. Тие се одржаа зад затворени врати, а САД посредуваа преку нивниот главен преговарач, Стив Виткоф. Овој пат завојуваните страни преговараат без американски претставници.

Иако преговарачките тимови постојано ги опишуваат разговорите како конструктивни, спогодба за мировен договор сè уште не е на повидок, а територијалните прашања остануваат клучен камен на сопнување.

Русија бара Киев да се повлече од делови од источниот украински регион Донбас, област првенствено фокусирана на Донецк и Луганск кои остануваат под украинска контрола. Зеленски постојано ја отфрла можноста за територијални отстапки.

Украинската делегација ќе ја предводи главниот преговарач Рустем Умеров, а рускиот тим ќе го предводи Игор Костјуков, шеф на воено-разузнавачката служба ГРУ.
На барање на американскиот претседател Доналд Трамп, Русија се согласи привремено да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура поради екстремниот студ и веќе обемните штети во Киев и другите градови. Но, нападите врз други цели продолжија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека ограниченото примирје ќе трае само до денес за да се обезбеди „добра основа“ за мировни преговори. Зеленски рече дека нема формален договор за привремено прекин на огнот, но вети дека Украина нема да нападне руски енергетски цели доколку Русија го одржи своето ветување.

Украина се брани од руска инвазија со поддршка од Западот речиси четири години.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top