Свет

Деца и жени меѓу 11-те загинати во израелските воздушни напади во Либан (ВИДЕО)

И последниот мост што го поврзува јужен Либан со остатокот од земјата е уништен

Единаесет лица, меѓу кои две деца и две жени, загинаа во израелските воздушни напади во јужен и источен Либан, потврдија либанското Министерство за здравство и државните медиуми. Агенцијата Anadolu пишува дека во нападите е забележана и голема материјална штета.

Според Министерството за здравство, во нападот на градот Ансарије во областа Сидон, загинале пет лица, меѓу кои две деца, а уште пет лица се ранети. Во воздушен напад врз градот Џбаа во областа Набатиех загинаа четири лица, меѓу кои две жени, соопшти Министерството.

Во градот Тир, исто така, според извештајот на министерството, загинал Палестинец во напад на мотор. Либанската Национална новинска агенција објави дека еден Либанец бил убиен во одделен напад рано утринава, откако неговата куќа била погодена во градот Хебарије во областа Хасбаја.

Истата агенција наведува дека во текот на ноќта израелски воени авиони извршиле напади и врз областа Џабал ал Рафии на висорамнината Иклим ал-Туфах и целеле куќа во населбата Салам во Набатие.

Последниот мост што го поврзува јужен Либан со остатокот од земјата е уништен во израелски напад, потврди висок либански безбедносен претставник за новинската агенција Ројтерс. Според него, мостот е „скршен“, а претрпената штета е непоправлива, пишува Ројтерс.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top