Свет

Турција побара апсење на Нетанјаху, Израел го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“

Односите меѓу двете земји ги влоши турската потерница за израелскиот премиер за пресретнувањето флотила активисти кон Газа

Анкара денеска го осуди обидот на Бенјамин Нетанјаху, како што наведе, „да ја претстави Турција како нова закана“ по нејзиното барање за апсење на израелскиот премиер.

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата Икс, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху, чиј кабинет го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“.

Соопштението е одговор на издадената меѓународна потерница од Турција за Нетанјаху поради пресретнувањето на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел оваа недела бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top