Свет

Доналд Трамп поднесе тужба против „Би-Би-Си“, бара отштета од 5 милијарди долари

Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.

Доналд Трамп поднесе тужба против Би-Би-Си, во која бара отштета од 10 милијарди долари, обвинувајќи го за клевета и измамнички и неправични трговски практики.

Тужбата од 33 страници го обвинува Би-Би-Си за емитување „лажен, клеветнички, измамнички, омаловажувачки, провокативен и злонамерен приказ на претседателот Трамп“, нарекувајќи го тоа „дрзок обид за мешање и влијание врз претседателските избори во САД во 2024.

  • Би-Би-Си се обвинува дека споил два сосема одвоени дела од неговиот говор на 6 јануари 2021, со цел „намерно погрешно да го претстави значењето на она што го кажал Трамп“.

Тужбата поднесена во суд во Флорида бара пет милијарди долари отштета за клевета и пет милијарди долари за нефер трговски практики. Би-Би-Си соопшти дека ќе се брани во случајот.

Британската медиумска компанија BBC објави дека ќе се брани во судска постапка вредна пет милијарди долари што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп против неа. Трамп ги тужи поради спорното уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“, пишува BBC.

Во тужба поднесена во Флорида, Трамп ја обвинува BBC за клевета и кршење на законите за трговски практики. Неговиот правен тим тврди дека BBC го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и погрешно уредување на неговиот говор“.

Телевизиската куќа минатиот месец му се извини на Трамп за монтирањето на говорот, но ги отфрли тврдењата за клевета. Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес поднесоа оставки во почетокот на ноември.

Би-Би-Си го емитуваше документарецот „Трамп: Втора шанса?“ неколку дена пред претседателските избори во САД во 2024. Филмот спои три цитати од два дела од говорот во 2021 година, кажани со разлика од речиси еден час, во она што се чинеше дека е еден цитат, во кој Трамп ги повика поддржувачите да маршираат со него и „пеколно да се борат“. Меѓу исечените делови бил и дел каде што Трамп вели дека сака тие мирно да демонстрираат.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

САД нападнаа остров преку кој Иран ја извезува речиси целата своја нафта

Уништувањето на Харк или оштетувањето на извозниот терминал „ризикува да предизвика долгорочен скок на цените на нафтата што нема брзо да се смири, и би значело отфрчање на секоја идеја дека војната се води за да се создаде подобра иднина за Иран

To top