Свет

Нова закана од Трамп: Ќе уриваме мостови, електрани (ВИДЕО)

Американско-израелски воздушен напад погоди и уништи мост во близина на главниот град Техеран. Познат е како највисокиот мост на Блискиот Исток

По ударот на највисокиот мост не само во Иран, туку и на целиот Блиски Исток, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следните цели ќе бидат електраните на Исламската Република.

„Нашите вооружени сили, најголемите и најмоќните (со голема разлика!) во целиот свет, дури и не почнаа да го уништуваат она што остана од Иран“, напиша Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

„Следни се мостовите, а потоа електраните! Новото раководство на режимот знае што треба да се направи и тоа треба да се направи БРЗО!

Американско-израелски воздушен напад погоди и уништи мост во близина на главниот град Техеран. Познат е како највисокиот мост на Блискиот Исток.

Мостот е важен автопат и требаше многу брзо да биде отворен.

Во воздушниот напад загинаа најмалку осум лица, а 95 беа повредени.

Време е Иран да склучи договор пред да биде предоцна, изјави Доналд Трамп

Нападот се случи неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп формално се закани дека доколку режимот на ајатоласите не го прифати мировниот договор, тој ќе го испрати Иран во камено доба.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top