Свет

Досега 30 жртви од студ и снежната бура во САД

Дури 45% од сите домашни летови беа откажани, што е најголем број откако започна пандемијата COVID-19

 

Зимска бура што зафати голем дел од САД одзеде најмалку 30 животи, објавува АП.

Меѓу загинатите се две лица погодени од снегочистачи во Масачусетс и Охајо, тинејџери смртно повредени додека се санкале во Арканзас и Тексас и жена чие тело беше пронајдено затрупано во снег во Канзас.

Според властите во Њујорк, осум тела беа пронајдени на улиците на градот само во текот на викендот.

Бурата предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија. Повеќе од 630.000 домакинсктва беа без електрична енергија до понеделник вечерта, според Poweroutage.com.

Јужните држави го понесоа најголемиот дел од штетата. Замрзнатиот дожд ги оштети далноводите во северен Мисисипи и делови од Тенеси.

Воздушниот сообраќај е нарушен: Повеќе од 12.000 летови беа одложени или откажани низ целата земја во понеделник, според Flightaware.com.

Ден претходно, 45% од сите домашни летови беа откажани, што е најголем број откако започна пандемијата COVID-19.

Националната метеоролошка служба предупреди за нови бури и студ.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

Најнови вести

To top