Свет

Драма во Алијансата: Шефот на НАТО со жестока критика кон Словенија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати остра критика до Словенија, обвинувајќи ја дека вештачки ги зголемила трошоците за одбрана за да го достигне договорениот праг од 2% од БДП.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати остра критика до Словенија, обвинувајќи ја дека вештачки ги зголемила трошоците за одбрана за да го достигне договорениот праг од 2% од БДП.

Во писмо испратено до техничкиот премиер Роберт Голоб на почетокот на мај, Руте предупредил дека ниските вистински издвојувања „ја поткопуваат колективната безбедност“ во време на сериозна криза.

Според податоците доставени од Словенија, земјата во 2025 година треба да издвојува 2,01% од БДП за одбрана. Меѓутоа, според проценките на Алијансата, реалните трошоци изнесуваат само околу 1,6% од БДП, односно приближно 300 милиони евра помалку од прикажаниот износ.

Руте побарал од Љубљана веднаш да ги коригира пресметките и во иднина да ги вклучува само официјално признатите одбранбени расходи.

Од кабинетот на премиерот Голоб потврдија дека го примиле писмото и истакнаа дека актуелната влада обезбедила најголем обем средства за одбрана досега. Словенечките власти посочија дека постојат различни толкувања за тоа што се смета за трошок за безбедност, вклучувајќи ги и инвестициите во критична инфраструктура, сајбер-безбедност, енергетска сигурност и воена мобилност.

Според словенечката стратегија, земјата планира постепено зголемување на издвојувањата, со цел до 2030 година да достигне 3% од БДП за одбрана.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top