Свет

Две лица испукале повеќе куршуми кон 27-годишникот за кој се претпоставува дека е од Радуша

Еден од куршумите го погодил во главата, а напаѓачите веднаш по пукањето побегнале и сè уште се бараат

Дваесет и седумгодишен маж од Македонија е застрелан и убиен во Берлин во раните утрински часови во понеделникот, јавуваат германските и албанските медиуми
Убиството се случило околу 2:40 часот на раскрсницата во берлинската населба Нојкелн.

Берлинската полиција официјално потврди дека биле испукани повеќе куршуми кон 27-годишниот маж. Тој бил тешко погоден, а полицајците и екипите на Итната помош веднаш започнале со реанимација. И покрај обидите да му го спасат животот, младиот човек починал на местото на настанот.

Според информациите што ги пренесуваат регионалните медиуми, жртвата потекнувала од Радуша. Се наведува дека двајца мажи го следеле 27-годишникот, по што кон него биле испукани повеќе куршуми. Еден од куршумите, според медиумските извештаи, го погодил во пределот на главата.

Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале и сè уште се бараат. Германските власти засега официјално не соопштуваат детали за нивниот идентитет.

На местото на убиството бил извршен детален увид, а истражителите ги обезбедувале и анализирале пронајдените чаури. Според медиумските информации, за документирање на местото бил користен и 3Д-скенер.

Случајот го презеде Петтата комисија за убиства при берлинската криминалистичка полиција, по налог на Обвинителството во Берлин. Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата треба да утврди и дали во нападот биле вмешани повеќе лица.

Берлинската полиција во официјалното соопштение не го објави идентитетот на жртвата, ниту дополнителни информации за можната заднина на убиството.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top