Свет

Еден загинат, 37 повредени во уште една железничка несреќа во Шпанија

Воз удри во потпорен ѕид кој се урна на шините

Три дена по судирот во кој загинаа 42 лица, а повеќе од 120 беа повредени, во Шпанија се случи уште една трагична железничка несреќа.

Воз удри во потпорен ѕид кој се урна на шините. Машиновозачот почина, 37 патници беа повредени, од кои четворица потешко – двајца до машиновозачот, а други двајца во првиот вагон.

Несреќата се случи синоќа во општината Хелида, околу 40 километри западно од Барселона.

Од вагоните, најголема штета претрпел првиот. Веројатно е дека обилните дождови предизвикале уривање на ѕидот по што сообраќајот на приградската железница во Каталонија бил прекинат.

На местото на настанот биле испратени 20 амбулантни возила. Пожарникарите ослободувале заробен патник.

Во друг инцидент претходно во текот на денот, воз излетал од шините поради камења на шините. Во возот патувале 10 лица, нема информации за повредени.

(Видео): Најмалку 39 мртви во Шпанија при судар на два воза, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top