Свет

Фицо до Зеленски: Ако не ни пуштите нафта до задутре, ќе ви ја исклучиме струјата

Словачка прими 180.000 украински бегалци, на Киев му дава и хуманитарна помош, па не заслужува ваков однос, вели премиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо му се закани на украинскиот претседател Володимир Зеленски со прекин во испораката на електрична енергија ако до понеделник не биде обновено функционирањето на нафтоводот „Дружба“ низ Украина, од кој Словачка се снабдува со руска нафта.

„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта на Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки на електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.

Тој го обвини Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава, прво со запрената испорака на гас што, според него, ѝ предизвикала годишна штета на неговата земја од половина милијарда евра, а запирањето и на нафтата ќе создаде дополнителни загуби.

Фицо нагласи дека Словачка тоа со ништо не го заслужила од Украина, на која ѝ помага од почетокот на војната со Русија, примајќи 180.000 украински бегалци, обезбедувајќи ѝ хуманитарна помош и организирајќи заеднички седници на двете влади.

„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, истакна шефот на словачката Влада, додавајќи дека односите меѓу двете држави не можат да бидат еднонасочна улица и оти Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој корист има само Украина.

 

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top