Свет

(Фото): 20.000 поморци заглавени во Ормутскиот теснец – ситуација без преседан

Преку „Проектот Слобода“ претседателот Трамп ја почна американска операција за извлекување на заглавени трговски бродови во Ормускиот теснец. САД воспоставија безбедносна зона јужно од вообичаените бродски рути и ги повикаа морнарите да се координираат со властите на Оман. Воената команда на Техеран соопшти дека ќе возвратат на сите агресивни дејствија, а бродовите што минуваат низ протокот мора да се координираат со нив.

Околу 20.000 поморци се заглавени на приближно 2.000 пловила во Ормутскиот теснец од почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран, информира Меѓународната поморска организација. Меѓу блокираните пловила има танкери за нафта и гас, бродови за расут товар, контејнерски бродови и туристички крузери, што дополнително го нагласува глобалното значење на кризата.

Според податоците, од почетокот на војната се регистрирани најмалку 19 напади врз бродови во теснецот, при што загинале најмалку 10 поморци, а осум се повредени.

  • „Движењето на бродовите има за цел само да ослободи луѓе, компании и земји кои не направиле апсолутно ништо лошо – тие се жртви на околностите. Доколку, на кој било начин, се попречи овој хуманитарен процес, за жал, ќе мора интервенираме енергично“ – објава на претседателот на САД – Доналд Трамп.

  • „Поддржувачите на злонамерните Соединети Држави треба да бидат претпазливи и да избегнуваат дејствија што би довеле до неповратно жалење. Секој агресивен потег на САД за нарушување на моменталната ситуација само дополнително ќе ги комплицира работите и ќе ја загрози безбедноста на бродовите во оваа област“, изјави Ген. Али Абдолахи – командант на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија.

Организацијата предупредува дека условите на бродовите се влошуваат, со сериозен недостиг од храна, гориво и вода за екипажите што остануваат заробени во Персискиот Залив.

  • „Оваа ситуација, во која толкав број поморци останаа блокирани, е без преседан во современото време“, изјави во март директорот за поморска безбедност во организацијата, Дамиен Шевалие.

Ормутскиот теснец, како една од најважните светски трговски и енергетски рути, останува клучна точка на ризик, додека обидите за деблокада сè уште не даваат конкретни резултати.

Во исто време, Техеран го разгледува одговорот на САД на својот последен предлог за прекин на војната кој содржи 14 точки. Иран бара од САД да ги укинат санкциите, да ја прекинат поморската блокада, да ги повлечат силите од регионот и да ги прекинат сите непријателства, вклучително и израелските операции во Либан. Во предложеното не се споменуваат нуклеарните амбиции на Исламската Република.

  • „Можете да претпоставите дека САД не се навикнати да ги напуштат своите прекумерни барања и неразумни очекувања. Затоа, сè уште се справуваме со страна која постојано ги менува своите ставови и покренува прашања што, во пракса, можат да го нарушат секој дипломатски процес“, изјави Есмаил Багаеи – портпарол на МНР на Иран.

Иран негира дека се стреми кон нуклеарна бомба и вели дека програмата е само за мирни цели, иако земјата е единствената држава без нуклеарно оружје што има збогатен ураниум на ниво на оружје.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top