Свет

Граѓани маваа со камења врз аргентинскиот претседател Милеи на предизборен митинг кај Буенос Аирес

Популарен за Западот, „несимпатичен“ за Аргентинците дома…

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи не е повреден, откако кон него беа фрлени камења за време на предизборниот митинг во близина на Буенос Аирес во средата, изјави неговиот портпарол. Милеи беше безбедно евакуиран од настанот во Ломас де Замора, сиромашно предградие на главниот град, објави портпаролот Мануел Адорни на икс-платформата.

Локалните медиуми известија за судири меѓу поддржувачите и противниците на либертаријанскиот лидер, економист без искуство во извршната власт, кој со години беше најпознат како популарен полемичар во телевизиски емисии. Полицијата накратко приведе две лица во врска со инцидентот. Неколку владини претставници ги обвинија за нападот следбениците на „киршнеризмот“, осврнувајќи се на политичкиот табор на поранешната претседателка Кристина Фернандез де Киршнер.

Милеи подоцна објави фотографија на икс-платформата, на која се смее со својата сестра, шефицата на кабинетот на претседателот, Карина Милеи, и конгресменот Хозе Луис Есперто.

Ексцентричниот екстремно десничарски популист, релативно нов во политиката, кој доби симпатии на Вашингтон со ветувањата, што ги оствари со запирањето на зачленувањето на Аргентина во БРИКС, води кампања за својата партија „Ла Либертад Аванза“ пред локалните избори во покраината Буенос Аирес на 7 септември. Судири избувнаа и на друг митинг во Хунин во понеделник, пред Милеи да одржи говор.

Претседателот ја поларизираше Аргентина со длабоки мерки за штедење насочени кон намалување на долгот и ограничување на инфлацијата. Иако инфлацијата падна, а буџетот беше избалансиран, многумина ги загубија своите работни места, додека субвенциите за енергија и јавен превоз беа намалени. Неговата влада се бори и со корупциски скандал. Во него е вклучена фармацевтска компанија која наводно платила мито за да обезбеди договори од повеќе милиони долари со агенција која се грижи за лицата со попреченост.

Сестрата на претседателот, Карина, која се смета за клучна личност во владата, исто така е осомничена за вмешаност. Скандалот предизвика значителен пад на рејтингот на претседателот Милеи.

МИА

Нетпрес

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

Најнови вести

To top