Македонија

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција – Левица ќе има кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, само за да ја спасува ДУИ

„Не можеме наеднаш да поправиме се што било уништувано со децении. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ветувавме чесна и напорна работа и тоа го правиме во изминативе 15 месеци. Нема криминал, скандали на грабеж, на висока корупција, како што имаше секој ден во изминатите години.“ – посочи претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто, дадено за ТВ Алсат М вчеравечер.

„Според бројките и анкетите, на локалните избори ќе победи владината коалиција.“ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Запрашан за одлуката на Левица да оди на избори со свои кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, со образложение дека „не ја забораваат западна Македонија“, Мицкоски одговори дека со тоа Левица ја спасува ДУИ. „ Во изборниот процес учествувате, за да победите. Левица кажа дека не ја забораваат западна Македонија и оти ќе имаат кандидати во Тетово, Гостивар и Струга. Но, зошто и во другите општини во западна Македонија немаат свои кандидати? Ако знаете дека нема да победите, а кандидирате кандидат, тогаш сте или нефер кон кандидатот, или имате друг политички договор: да бидете прокси кандидат, а да победи некој друг.“ – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат кандидат за градоначалник во Кичево, но не и во Тетово, Гостивар и Струга. „Во Кичево мислиме дека ќе победиме, а во Тетово, Гостивар и Струга и во други општини, каде што сметаме дека не можеме да победиме и нема да имаме свој кандидат, затоа ќе го поддржиме коалицискиот партнер.“ – изјави Мицкоски.

Во однос на ДУИ тој ги отфрли тврдењата дека со критиките за криминал и корупција го крева нејзиниот рејтинг. На прашањето дали по обвинувањата за криминал и корупција има приведени членови на ДУИ, рече дека има 20-тина кривични пријави против високи функционери на ДУИ, но зошто не се процесуирани и се на слобода за тоа одлучуваат обвинителството и судот, а не Владата.

Мицкоски потсети на неговата изјава дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа навистина се случи и тие веќе 15 месеци се во опозиција. За обвинувањата дека за сè е виновна претходната власт, кажа дека тоа се луѓето, кои седум години го уништуваа системот, ги клекнаа институциите на колена и го направија најголемиот грабеж во историјата, и тоа не може да се поправи за 15 месеци, иако оваа влада досега успеа да поправи многу.

„Не можеме наеднаш да поправиме се што било уништувано со децении. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада, која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека е голем бројот на министри, кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото. Ветувавме чесна и напорна работа и тоа го правиме во изминативе 15 месеци. Нема скандали на грабеж, криминал, на висока корупција, како што имаше секој ден во изминатите години.“ – посочи премиерот Мицкоски.

За тоа дали актуелната власт е одговорна, како што нагласи, ќе решат граѓаните на изборите.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top