Свет

Гренланд бара НАТО да го брани, не сака да биде преземен од САД

Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Островот за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали

Владата на Гренланд соопшти дека ќе ги зголеми напорите за да се обезбеди одбраната на арктичката територија да се одвива под покровителство на НАТО и повторно ја отфрли амбицијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе островот.

Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Гренланд за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали.

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус порача дека американско преземање на Гренланд ќе значи крај на НАТО, но и дека членките на ЕУ се обврзани да си помагаат едни на други во случај на воена агресија.

„Сите членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд. Како дел од данскиот комонвелт, Гренланд е членка на НАТО и затоа одбраната на Гренланд мора да биде под НАТО“, соопшти коалициската влада на островот, додавајќи дека во никој случај не може да прифати преземање на Гренланд од страна на САД.

Трамп првпат ја изнесе идејата за преземање на Гренланд во 2019 година за време на неговиот прв мандат и оваа реторика ја засили откако се врати во Белата куќа пред една година, при што сега не ја исклучува и воената опција.

„Ние сме демократско општество кое носи свои одлуки. А, нашите постапки се засноваат на меѓународното право“, кажа премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.

Дански и американски претставници ќе се сретнат оваа недела за да разговараат за Гренланд.

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top