Свет

Хамас извршува јавни егзекуции во Газа, американската војска бара итно предавање на оружјето

Во енклавата Газа повторно владее страв и насилство. Маскирани припадници на Хамас извршија јавни погубувања на најмалку 33 лица, обвинети за шпионажа за Израел или за соработка со ривалски вооружени групи, јавуваат меѓународните медиуми.

На видеоснимките кои кружат на социјалните мрежи се гледаат вооружени мажи со зелени ленти – симбол на военото крило на Хамас – како присилуваат заробеници да клекнат, а потоа им пукаат во глава пред собраните жители на четвртта Сабра во градот Газа. Сцените, потврдени и анализирани од ABC News, предизвикаа шок и осуда ширум светот.

Американското Централно командно тело (CENTCOM) остро реагираше, барајќи од Хамас да ги прекине нападите и да го предаде оружјето.
„Остро го повикуваме Хамас веднаш да ја прекине огнената сила и насилството врз невините палестински цивили во Газа,“ изјави адмирал Бред Купер, командант на CENTCOM, кој управува со американските сили од североисточна Африка до Блискиот Исток. Купер порача дека Хамас мора „во целост да се повлече“ и строго да се придржува до планот на претседателот Доналд Трамп за Газа, кој предвидува демилитаризирана зона под меѓународен надзор, пренесе ВВС.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека му дал „привремено зелено светло“ на Хамас да делува како полиција во појасот Газа, но ја осуди „бруталноста на нивните методи“.

„Хамас уби одреден број припадници на банди, и тоа не е нешто што ме радува,“ изјави Трамп, додавајќи дека целта на планот е враќање на редот, а не одмазда.

Планот предвидува Газа да ја управува палестински комитет под меѓународен надзор, додека САД ќе распореди до 200 војници во Израел за поддршка на стабилизацијата, но без директно присуство во самата Газа.

Според палестински извори, егзекуциите следеле само неколку часа по ослободувањето на последните живи израелски заложници во рамките на прекинот на огнот. Експертите сметаат дека ваквиот бран на насилство е обид на Хамас повторно да воспостави контрола врз енклавата и да ги заплаши клановите кои со години му се спротивставуваат.

Палестинско-шведскиот политиколог Абдалхади Алила, изјави дека станува збор за „вонсудски егзекуции“ кои покажуваат дека во Газа „нема функционални судови ниту институции“.

„Поради тоа постои опасност да бидат убиени и невини луѓе,“ предупреди тој.

Во своето соопштение, Хамас објави дека егзекутираните лица биле „соработници и криминалци“ вмешани во пљачка на хуманитарна помош и шпионажа. Меѓу убиените, според локални извори, имало припадници на познатите кланови Догмош и Хелес, кои со години се во судир со Хамас и, наводно, имале врски со екстремистички групи како ИСИС.

Израелски извори претходно годинава признаа дека им обезбедувале оружје на некои палестински кланови во Газа за борба против Хамас – потег што Тел Авив го нарече „дел од легитимна одбранбена стратегија“.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top