Свет

И Полска сака нуклеарно оружје

Во страв од Русија, Варшава размислува за нуклеарни бомби

Полскиот претседател Карол Навроцки смета дека неговата земја треба да започне со развој на нуклеарна одбрана, со оглед на заканата од Москва.

Во интервју за телевизијата Полсат во неделата, Навроцки се опиша како „голем поддржувач на приклучувањето на Полска кон нуклеарниот проект“ и тврдеи дека земјата треба да ја развие својата безбедносна стратегија „врз основа на нуклеарниот потенцијал“.

Тој додаде: „Овој пат, со почитување на сите меѓународни прописи, е патот што треба да го одбереме. … Мора да работиме кон оваа цел за да можеме да ја започнеме работата. Ние сме земја веднаш на работ на вооружен конфликт. Агресивниот, империјален став на Русија кон Полска е добро познат.“

Неговите коментари доаѓаат во време на растечка дебата во неколку европски земји за развој на сопствено нуклеарно оружје во светлината на растечките закани од Москва и ерозијата на довербата во САД.

На пример, премиерката на Латвија, Евика Силиња, изјави на Минхенската безбедносна конференција овој викенд дека „нуклеарното одвраќање може да ни даде нови можности“. Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека се во тек разговори со Франција за европско одвраќање.

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top