Свет

Карлсон се обидувал да го одврати Трамп да не го напаѓа Иран, a тој го исклучи од „МАГА“ – движењето!

„Летав за Вашингтон трипати во последниот месец, за да се обидам да го убедам Трамп да не го напаѓа Иран. Не успеав. Му предложив да прогласи победа по убиството на 86-годишниот ирански верски лидер Хаменеи и да ги повлече силите. Но некој го убеди во спротивното..“ – изјави познатиот американски конзервативен новинар Такер Карлсон во својата емисија. Претседателот Доналд Трамп му возврати на Карлсон, со тоа што го исклучи од движењето „МАГА“ (Да ја направиме Америка повторно голема“ („MAGA – Make America Great Again“).

Карлсон откри дека во изминатиот месец трипати го посетил претседателот на САД Доналд Трамп, во обид да го одврати од покренување воени напади врз Иран, пренесуваат американските медиуми. Карлсон истакна дека неговите обиди биле неуспешни. Според неговите сознанија, на Трамп му се сервираат „лажни анкети“ според кои војната е „популарна во сооднос 90 спрема 10 проценти“, што не соодветствува со реалното расположение на јавноста. Карлсон додаде дека во Белата куќа постои „информативен вакуум“ и дека претседателскиот тим не е свесен колку е војната против Иран вистински непопуларна меѓу граѓаните. Карлсон неодамна изјави дека САД треба да го „скротат израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху“ и „да му испратат порака на Израел оти не е главен“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го исклучи Такер Карлсон од движењето „Make America Great Again“ (MAGA). „Причината за тоа е противизраелскиот став на Карлсон.“ – изјави политикологот Грег Вајнер за Јавната новинска служба на САД.

Вајнер верува дека главната причина за несогласувањето меѓу нив е фактот што Карлсон ја започна својата претседателска кампања. „Карлсон е исклучително популарен во САД. Има 102 милиони следбеници на една од најголемите општествени мрежи во светот. Почна самостојно да контактира со влијателни политичари и да води многу успешни интервјуа. Затоа, природно почна да привлекува дел од гласачите, и од Републиканската партија и од луѓето на Трамп. На Трамп не му се допадна ова губење гласачи, ниту неговата желба да учествува во претстојната кампања.“ – посочи Вајнер.

Според него, Карлсон во одреден момент се преобразил од новинар во политичар, што на Трамп не му се допаднало. Политикологот предвиде дека сега Карлсон ќе биде активно нападнат и од републиканците, по налог на Трамп, и од демократите. „Популарноста на новинарот во јавноста е пречка за двете партии.“ – заклучи Вајнер.


Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top