Свет

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

 

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски.

„Се осмелувам да кажам дека, да не бевме ние, ќе зборувавте француски“, се пошегува Чарлс, пренесоа медиуми

Кралот Чарлс III на државната вечера во Белата куќа со американскиот претседател вчера се пошегува дека без Британците, Американците би зборувале француски.

Додека шефовите на држави разменуваа шеги за време на нивните здравици за вечера, Чарлс рече:

„Неодамна коментиравте, господине претседателе, дека ако не беа Соединетите Американски Држави, европските земји ќе зборуваа германски. Се осмелувам да кажам дека, ако не бевме ние, вие ќе зборувавте француски“, се пошегува Чарлс.

Кралот зборуваше за места со британско и француско потекло во Северна Америка, каде што соперничките колонијални сили се бореа за контрола на континентот пред независноста на САД пред 250 години.

На самитот во Давос во јануари, Трамп им порача на граѓаните на Европа дека без помошта на САД во Втората светска војна, „ќе зборувавте германски и малку јапонски“.

Но, лекомислената забелешка на кралот го одрази топлиот тон додека тој и Трамп се зближуваа околу „специјалниот однос“ меѓу Лондон и Вашингтон, и покрај тензиите околу војната во Иран.

Тој направи дополнителни шеги на сметка на Трамп, велејќи дека не можел, а да не ги забележи „преуредувањата“ на Источното крило на Белата куќа, кое Трамп го урна за да изгради огромна балска сала вредна 400 милиони долари.

„Жал ми е што морам да кажам дека ние Британците, секако, направивме сопствен обид за реконструкција на недвижнините на Белата куќа во 1814 година“, рече тој, мислејки на настан кога британските војници ја запалија зградата.

Чарлс, исто така, се пошегува дека вечерата била „многу значително подобрување во однос на Бостонската чајанка“, кога колонистите потопија бродови со оданочен британски чај во морето во 1773 година.

Трамп – страствен обожавател на британското кралско семејство чија мајка потекнувала од Шкотска – го зачувал поголемиот дел од својот хумор за домашни цели.

„Сакам да му честитам на Чарлс за фантастичниот говор денес во Конгресот“, рече Трамп.

„Тој ги натера демократите да станат – јас никогаш не сум можел да го направам тоа.“

Во меѓувреме, кралот Чарлс му го подари на претседателот ѕвончето од британската подморница ХМС Трамп, која беше лансирана во 1944 година за време на Втората светска војна.

„Нека стои како сведоштво за заедничката историја и сјајната иднина на нашите народи. И доколку некогаш треба да нè контактирате, само јавете ни се“, рече кралот“.

Најнови вести од: Свет

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

To top