Свет

Ќе добие ли Еди Рама четврт премиерски мандат?

На денешните парламентарни избори во Албанија, актуелниот премиер Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се борат за четврт последователен мандат. Опозицијата „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија (ДП), на Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, следена од […]

На денешните парламентарни избори во Албанија, актуелниот премиер Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се борат за четврт последователен мандат.

Опозицијата „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија (ДП), на Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, следена од помали 25 политички партии и движења, ќе се обиде да се врати на власт.

Овие избори се сметаат за одлучувачки момент за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината долгогодишна аспирација за влез во ЕУ.

Рама, кој е на власт како лидер на Социјалистичката партија од 2013 година, е фаворит за победа против неговиот стар ривал, поранешниот премиер Сали Бериша од Демократската партија.

Но, незадоволството од Рама се засили во изминатата година поради наводната репресија на опозицијата, вклучително и Бериша, додека самиот Рама издржа низа скандали. Тие вклучуваат апсење на неговиот сојузник, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, под обвинение за корупција и перење пари.

Најнови вести од: Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top