Свет

Кличко: Ако не го запреме Путин во Украина – ќе нападне и други земји

Целите на Путин се сосема јасни. Тој сака да ја стави цела Украина под своја контрола, без оглед на цената

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика Германија да ѝ испрати на Украина крстосувачки ракети „Таурус“ откако канцеларот Фридрих Мерц наговести дека е подготвен да ги испорача, објави ДПА.

„Канцеларот Фридрих Мерц во минатото изјави дека руските напади врз цивилни цели треба да бидат проследени со испорака на ракети „Таурус“, рече Кличко напис за германскиот весник „Билд“.

Градоначалникот, исто така, посочи на зголемениот „чист терор“ на рускиот претседател Владимир Путин.

„Две илјади згради се уништени во нашиот град. Има повредени и смртни случаи одново и одново“, додаде тој. Според Кличко, Путин покажал дека не сака примирје, мир или крај на војната.

„Целите на Путин се сосема јасни. Тој сака да ја стави цела Украина под своја контрола, без оглед на цената“, рече тој. „Ако не го запреме заедно во Украина, тој ќе нападне и други земји после тоа“, предупреди градоначалникот на главниот град.

Претходникот на Мерц, Олаф Шолц, одби да испорача ракети „Таурус“ со дострел од 500 километри од страв да не ја вовлече Германија понатаму во војната.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top