Свет

Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“

Постојат само земји со влади што не се пријателски настроени кон Москва

Русија постепено се оддалечува од терминот непријателски земји, постојат само земји со влади што не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.

Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји што „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top