Свет

Лажен „лекар“ од Македонија зел 270.000 евра од 8 хрватски семејства

26-годишен измамник од Македонија лажно се претставил како доктор и зел 270 илјади евра од осум семејства од Хрватска, пишува Дневник.хр. Тој го искористил најголемиот страв на родителите – можната загуба на дете, објаснува полицијата. Лажниот доктор на телефон се јавувал и велел: „Вашето дете е во опасност. Се случила трагедија или голема несреќа. Потребни […]

26-годишен измамник од Македонија лажно се претставил како доктор и зел 270 илјади евра од осум семејства од Хрватска, пишува Дневник.хр.

Тој го искористил најголемиот страв на родителите – можната загуба на дете, објаснува полицијата.

Лажниот доктор на телефон се јавувал и велел:

„Вашето дете е во опасност. Се случила трагедија или голема несреќа. Потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на Полициската управа во Загреб, додавајќи дека родителите на кои им се јавувал биле оштетени за повеќе од 270.000 евра.

Наместо лекар, на другата страна од телефонот бил 26-годишен измамник, македонски државјанин, кој завршил зад решетки по брза кривична истрага.

Комората на семејни лекари на Хрватска апелираше до пациентите да не стануваат жртви на лажни лекари кои им доаѓаат на прагот.

Најнови вести од: Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top