Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

 

Тешките израелски воздушни напади врз јужен и источен Либан продолжуваат орткако откако Израел предупреди дека ги засилува операциите и покрај формалниот прекин на огнот.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека жртвите се резултат на нападите извршени вчера.

Либанските власти изјавија дека Израел извршил операции на други места во земјата, вклучувајќи три напади во близина на вештачкото езеро Караун југоисточно од главниот град Бејрут.

Управата на реката Литани предупреди на „катастрофални ризици за жителите, инфраструктурата и виталните објекти низводно“.

Караун е најголемото вештачко езеро во Либан, создадено од брана на реката Литани и игра клучна улога во снабдувањето со вода и електрична енергија во регионот.

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top