Свет

Лидери на 29 земји на Денот на победата во Москва

Вкупно 29 странски лидери пристигнаа во Москва за да присуствуваат на парадата на по повод Денот на победата над нацизмот кој се одржува денеска – 9 Мај. Меѓу нив се кинескиот претседател Си Џинпинг и бразилскиот претседател Лула да Силва, пренесуваат агенции. Воени единици од 13 земји, вклучувајќи ги Кина, Египет и Мјанмар, ќе маршираат […]

Вкупно 29 странски лидери пристигнаа во Москва за да присуствуваат на парадата на по повод Денот на победата над нацизмот кој се одржува денеска – 9 Мај.

Меѓу нив се кинескиот претседател Си Џинпинг и бразилскиот претседател Лула да Силва, пренесуваат агенции.

Воени единици од 13 земји, вклучувајќи ги Кина, Египет и Мјанмар, ќе маршираат на парадата на Црвениот плоштад.

Во меѓувреме, Киев ги повика странските војници да не учествуваат на големата воена парада за да не ја делат одговорноста за злосторствата извршени од руската армија во Украина.

„Учеството на странски воен персонал на овој настан е неприфатливо и Украина ќе го смета за навреда на сеќавањето на победата над нацизмот и на сеќавањето на милиони украински војници кои се бореа на фронтот пред осум децении“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Украина забележува дека го негува споменот на Втората светска војна, чиј фронт двапати минуваше низ нејзина територија. Вкупниот број на украински жртви е 8 милиони луѓе.

Според Киев, руската војска, која ќе учествува на парадата на 9 мај во Москва, не е ослободител на Европа, туку освојувачи и воени злосторници. Русија поканува странски воен персонал да учествува на парадата за да ги оправда својата агресија и воени злосторства, веруваат украинските власти.

Повикот на Киев да не се учествува на парадата се однесува „особено на земјите кои прогласуваат неутралност во својот став кон руската агресија против Украина или постојано заземаат неутрална позиција во меѓународните односи“.

Најнови вести од: Свет

(Видео) Ноќеска најголемите досега бомбардирања на Иран – Трамп ја најавува следната цел „специјална Куба“?!

Силни експлозии се слушнаа во Техеран во текот на изминатава ноќ, на 6-ти спроти 7 март 2026 година. Нападите продолжија до раните утрински часови денес. Ова е осми ден од воените дејства во Иран и веќе пошироко на Блискиот Исток. Беше погоден аеродоромот Мехрабад. Воздушни напади беа пријавени и во други ирански градови. „Беа чуени огромни експлозии и беа забележани големи пожари низ Техеран, додека во американско-израелските напади беа погодувани цели во иранскиот главен град од синоќа, до ова саботно утро.“ – објави „Ал Џазира“ утринава. Американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека ноќта била обележана со најголемата кампања на бомбардирање во Иран, насочена кон системи за лансирање ракети и фабрики.

Брисел го стопира експресниот пат на Украина: Балканските кандидати бараат правда

Во декември 1917 година, за време на Првата светска војна, Димитар Благоев – основач на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти) и пратеник во бугарското Народно собрание – одржал говор во Софија.

To top