Свет

Литванија подготвена да прифати американско нуклеарно оружје

САД разгледуваат сценарио за распоредување нуклеарно оружје во европските земји-членки на НАТО

 

 

Литванија преговара со САД за можно распоредување американско нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави за новинарите министерот за национална одбрана Робертас Каунас. Според неговите зборови: „Разговорите се во тек“, беше цитиран од Политико.

САД разгледуваат сценарио за распоредување нуклеарно оружје во европските земји-членки на НАТО кои сè уште не учествувале во оваа програма. Целта е да се уверат сојузниците дека евентуалното намалување на конвенционалната воена поддршка од Вашингтон нема да ја ослаби нивната безбедност, објавува Фајненшл тајмс.

Според три извори на изданието, се дискутира за распоредување американски авиони способни да носат нуклеарни боеви глави.

„Литванија сигурно не се држи настрана од овие разговори“, рече Каунас.

Ова значи дека Владимир Путин ризикува да се соочи со распоредување нуклеарно оружје веднаш до границите на Русија додека ја продолжува војната во Украина и се движи кон ескалација со земјите-членки на НАТО.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top