Свет

Лондон: Не беше ирански дронот што ја нападна нашата база на Кипар

Велика Британија допрва треба да потврди од каде точно е лансиран дронот и кој е одговорен за нападот врза базата Акротири на Кипар која игра важна улога во стабилноста во Источниот Медитеран и Блискиот Исток

Дронот што ја погоди базата на британското кралско воздухопловство во Акротири на Кипар не бил испукан од Иран како што многумина првично мислеа, откри Министерството за одбрана.

Според официјални извори, беспилотното летало од типот Шахед избегнало откривање летајќи ниско и бавно во неделата. Удрил во хангар што го користеле американските шпионски авиони U-2 и се запалил, објави Сан.

Нема жртви, а Министерството за одбрана соопшти дека „нема оштетувања на опремата во хангарот“.

Сепак, Велика Британија допрва треба да потврди од каде точно е лансиран дронот и кој е одговорен за тоа.

Одделот за одбрана соопшти дека верува дека дронот бил испукан од проиранска милиција во Либан или западен Ирак, но истрагата не можела дефинитивно да утврди од каде.

Весникот „Сан“ цитираше анонимен извор кој вели: „Врз основа на типот на беспилотното летало, неговиот дострел и способности, военото разузнавање може да потврди дека овој дрон не е лансиран од Иран“.

Според премиерот Кир Стармер, дронот бил лансиран пред тој во неделата вечерта да објави дека на САД ќе им биде дадена дозвола да ги користат воените бази во Британија за да ги нападнат иранските ракетни бази.

Базата Акротири на Кипар игра важна улога во стабилноста во Источниот Медитеран и Блискиот Исток.

Ирански дрон се урна врз британска база на Кипар (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top