Свет

Лукашенко за заканите од Зеленски: Празна реторика и чиста глупост

Се обидувам да го разберам претседателот на Украина. Таму има војна, има огромен притисок. Не е лесно да се издржи. Можеби се случило нешто, можеби нешто пушел, можеби нешто инјектирал

„Празна реторика и чиста глупост“ – изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за обвинувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Белорусија и помага на Русија да врши напади со беспилотни летала врз Украина и заканите дека Киев ќе преземе мерки против Минск ако за една недела не биде осттранета руската опрема.

Лукашенко нагласи дека Белорусија не планира да ја нападне Украина. – Тоа никогаш нема да се случи. Никогаш. Немаме војници таму и никогаш нема да ги имаме. Тој го знае тоа, а и украинската армија го знае тоа, рече белорускиот лидер, обвинувајќи ги „Европејците дека го  принудуваат Зеленски да дава такви изјави“.

– Разговараме со Американците. Ставот на Доналд Трамп е јасен. Што и да е, тој ја зазема вистинската позиција. Американците зборуваат, некои молчат, а Европејците нешто мрморат, рече Лукашенко.

За време на средба со новинарите на маргините на самитот на Евроазиската економска унија во Астана, тој ги коментираше тврдењата од Киев дека Украина идентификувала околу 500 потенцијални воени цели во Белорусија.

– Можеби идентификувале 500 цели. Но, ние имаме една многу сериозна цел со прецизни координати и не е далеку од Белорусија. И тие добро ја разбираат. Украинската армија не сака никаква војна со Белорусија. Тоа го знам сигурно. Тие разбираат дека ова би значело дополнителни 1.500 километри фронт. А границата меѓу Белорусија и Украина не е едноставна. Дали им е потребна? Не им е, возврати Лукашенко.

Тој предупреди дека секој воен напад врз Белорусија може да го промени текот на војната.

– Не дај Боже да се започне воен напад врз Белорусија од која било територија. Војната во Украина тогаш би добила сосема поинаков карактер. Нема да објаснувам, разбирате што мислам, нагласи Лукашенко.

Зборувајќи повторно за Зеленски, Лукашенко вели дека го разбира до одреден степен поради околностите во кои се наоѓа.

– Се обидувам да го разберам претседателот на Украина. Таму има војна, има огромен притисок. Не е лесно да се издржи. Можеби се случило нешто, можеби нешто пушел, можеби нешто инјектирал, а потоа дава такви изјави. Едноставно ми е жал за него. Затоа молчам. Не дај Боже некој да се најде во таква ситуација, заклучи Лукашенко.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top