Свет

Македонија и САД на различни страни при гласање во Обединетите нации

По неколку гласања во Њујорк каде што Македонија гласаше согласно позицијата на САД вчера македонските претставници гласале различно од ставот на официјален Вашингтон

Генералното собрание на Обединетите нации вчера со огромно мнозинство ја усвои резолуцијата A/80/L.104 со наслов „Correct the map“: rebalancing global cartographic representation (Коригирај ја картата: ребалансирање на глобалната картографска претстава…).

Предлогот, инициран од африкански земји, повикува на употреба на карти што ги прикажуваат вистинските релативни големини на државите, наспроти традиционалните проекции кои систематски ги намалуваат земјите блиску до екваторот.

Според официјалниот записник од гласањето:

ЗА гласале 164 земји
ПРОТИВ била само една земја
ВОЗДРЖАНИ се 6 држави

Единствена земја што гласала против е Соединетите Американски Држави.
Претставникот на Македонија гласал ЗА, заедно со огромното мнозинство членки на ОН.

Меѓу воздржаните земји се Украина, Грузија, Литванија, Молдавија, Естонија и Србија.

Резолуцијата претставува симболичен, но политички значаен чекор кон поправедна визуелна претстава на светот на меѓународните карти.

Резолуцијата се бори за оваа реална мапа

Во оптек сега е оваа нереална мапа

Најнови вести од: Свет

Израелски министер: Палестинците мора да се иселат од Газа

Министерот за одбрана на Израел тврди дека нема трајно решение за Газа без масовен егзодус на населението и рече дека израелската држава е подготвена да организира заминување на Палестинците по море, воздух и други средства

To top