Свет

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа се жртва на Нетанјаху

Приоритет на Нетанјаху не е ослободувањето на заложниците, инаку немаше да ја започне најновата офанзива врз Газа или да ги гаѓа преговарачите во Катар

 

Францускиот претседател денес остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната во Газа.

Макрон предупреди дека дека судбината на цивилите и заложниците не смее да се „остави на оние за кои ослободувањето на заложниците не е приоритет“.

„Првиот приоритет на Нетанјаху не е ослободувањето на заложниците, инаку немаше да ја започне најновата офанзива врз Газа или да ги таргетира преговарачите во Катар“, рече Макрон во интервју за јавниот сервис FRANCE 24.

Макрон нагласи дека „тоталната војна убива цивили, но не го уништува Хамас“ и дека, и покрај повторените израелски напади, палестинската група сè уште има капацитет да се бори.

Тој го повтори повикот на Франција за прекин на огнот во Газа и нагласи дека целта на признавањето на палестинска држава е да се оживее мировниот процес.

Францускиот претседател, исто така, ги повика Соединетите Американски Држави, „единствената земја со конкретни средства за вршење притисок“, да го принудат Израел да го промени курсот, додавајќи дека ако тоа не успее, европските земји ќе мора да размислат за санкции.

Макрон предупреди дека секој израелски потег за анексија на окупираниот Западен Брег би претставувал „црвена линија“ за Франција и додаде дека затворањето на францускиот конзулат во Ерусалим би било „сериозна грешка“.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top