Свет

Мексико: Најмалку 10 загинати, 32 повредени во автобуска несреќа

Кон крајот на ноември, десет лица загинаа, а 20 беа повредени во слична несреќа

Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа во источната мексиканска држава Веракруз, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во среда во градот Зонтекоматлан, додека автобусот патувал од Мексико Сити кон селото Чиконтепек.

„Моментално потврдивме дека девет возрасни лица и едно дете починаа“, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан.

Сообраќајните несреќи, во кои учествуваат автобуси или камиони, се чести во Мексико.

Кон крајот на ноември, десет лица загинаа, а 20 беа повредени во слична несреќа.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top