Спорт

Ако се пласира на СП, Македонија во група со Мексико, Јужна Кореја и ЈАР

„Црвено-жолтите“ ќе играат во групата А ако во мартовскиот бараж ги победат Данска и подобриот меѓу Чешка и Ирска

Соорганизаторот Мексико, како и Јужна Кореја и Јужноафриканската Република, ќе ѝ бидат противници на фудбалската репрезентација на Македонија во групата А ако го помине баражот и избори историски пласман на Светското првенство 2026.

Aко кон крајот на март ги елиминираат Данска и потоа подобриот меѓу Чешка и Република Ирска, „црвено-жолтите“, кои се 65. на листата на ФИФА, шампионатот ќе го отворат против Јужна Кореја (22.), втор ривал ќе им биде ЈАР (61.) и на крајот ќе играат со домаќинот Мексико (17.).

Успех во баражот на Македонија ѝ носи меч со Корејците на 11 јуни во мексиканскиот град Запопан, со Јужноафриканците на 18 јуни во Атланта и со Мексиканците на 24 јуни во Мексико Сити.

Во 1/16-финалето ќе има место за двете првопласирани селекции од сите 12 групи и za осумте најдобри трети места.

Покрај Мексико, првиот мундијал со 48 учесници ќе го организираат и САД, и Канада, а ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

Резултатот од ждрепката во САД, на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, кому му беше врачена новововедената награда на ФИФА за мир:

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

Најнови вести

To top