Свет

Мерц: Путин е можеби најголемиот воен злосторник на нашето време

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“.

Мерц, во интервју што вчера беше емитувано, нагласи дека за таквите луѓе „нема простор за попустливост“.

Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што би можеле да се сметаат за воени злосторства.

Кога новинарите во Кина го прашаа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за предлогот на Мерц за одржување мировни преговори во Женева,тој рече дека „речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави“.

Иако Мерц и претходно во својот неколкумесечен мандат како канцелар ја обвинуваше Русија како држава за „сериозни воени злосторства“ и „тероризам против цивилното население“, директното етикетирање на Путин како потенцијално најлош воен злосторник на нашето време означува невидена ескалација во неговата реторика.

Коментарите на Мерц доаѓаат во време кога продолжуваат меѓународните правни постапки против Путин. За потсетување, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение за нелегална депортација на деца од Украина.

Постоењето на налогот за апсење значително ги комплицираше дипломатските напори.

На пример, австриското Министерство за надворешни работи неодамна изјави дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу украинските и руските лидери. Виена посочи дека би можела да се консултира со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне апсењето на Путин за време на евентуална посета.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top