Свет

Мерц сака украинските мажи во Германија да бидат испратени на фронтот

Ни треба брз, видлив напредок, рече германскиот канцелар по средбата со украинскиот претседател Зеленски

Берлин и Киев ќе ги координираат напорите за враќање на украинските мажи на воена возраст кои живеат во Германија во нивната матична земја, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц по состанокот со претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Зеленски во Берлин денеска, Мерц ја повтори „поддршката на германската влада за напорите на Украина да го намали бројот на украински мажи на воена возраст кои ја напуштаат [својата матична] земја“.

Според германскиот канцелар, „ова е од суштинско значење за обезбедување на одбранбените способности на Украина, социјалната кохезија и реконструкцијата“.

„Ни треба брз, видлив напредок тука, исто така во интерес на двете страни“, нагласи тој.

Зеленски се согласи дека прашањето „мора да се реши“, додавајќи дека „секако, нашите вооружени сили би сакале овие луѓе да се вратат во Украина“.

Во јануари Мерц слично ја повика Украина да создаде услови што ќе ги охрабрат нејзините млади мажи да останат во земјата, наместо да бегаат во Западна Европа.

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top