Свет

Мир со Украина за Путин би било понижување

Тој вети голема победа, не само против Украина, туку и против „колективниот Запад“

Со испраќањето на најмалку 19 беспилотни летала во Полска минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин испрати јасна порака: тој нема планови да ја заврши војната против Западот во скоро време, објавува Политико.

„Путин е воен претседател“, вели Николај Петров, виш аналитичар во Центарот за нови евроазиски стратегии со седиште во Лондон. „Тој нема интерес да ја заврши (војната)“.

Петров објаснува дека враќањето на улогата на мирнодобски претседател би било понижувачки за Путин. „Без оглед на условите, тој не може да се откаже од таа улога“, додаде тој.

Како што инвазијата на Украина се приближува кон четвртата година, рускиот претседател има повеќе причини да биде самоуверен отколку во раните денови од војната, кога Кремљ веруваше дека може да ја освои земјата за само неколку дена.

Украина се соочува со сериозен недостиг на оружје и работна сила, а Русија остварува бавен, но стабилен напредок. Но, придобивките се бавни и скапи. Се проценува дека руските сили претрпеле околу милион жртви, а војната, исто така, погоди економија која е во рецесија.

И покрај огромните трошоци од војната, завршувањето на конфликтот носи политички ризици за Путин. Кремљ, благодарение на контролата врз медиумите, би можел да го претстави речиси секој мировен договор на јавноста како победа.

Но, вистинската закана не доаѓа од јавното мислење. Со уништувањето на либералната опозиција, најголемата опасност за Путин сега доаѓа од мала, но гласна група националисти на кои тој им вети голема победа, не само против Украина, туку и против „колективниот Запад“.

„Постои желба меѓу јастребите во воено-политичкото раководство да покажат дека НАТО е безвреден“, изјави за ДВ Александар Баунов, поранешен руски дипломат и виш соработник во Центарот Карнеги Русија Евроазија.

Најнови вести од: Свет

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top