Свет

„Многу опасен преседан“: Шпанскиот премиер за апсењето на Мадуро од САД

Санчез ја оцени американската воена акција во Венецуела заради приведување на претседателот како „очиглено нелегална“

Воената операција на САД во Венецуела и заробувањето на претседателот Николас Мадуро претставуваат „многу опасен преседан“, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, додавајќи дека неговата земја нема да молчи пред кршењето на меѓународното право.

Санчез потсети дека неговата влада никогаш не ја признала владата на Мадуро, бидејќи неговиот избор бил нелегитимен, но оцени дека Мадрид не може да ја признае легитимноста на воената акција која, како што изјави, била јасно нелегална, објави државната телевизија РТВЕ.

Тој истакна дека Шпанија не може да прифати дека територијалниот интегритет на една европска држава, како што е случајот со Данска, е експлицитно загрозен, осврнувајќи се на Гренланд и заканите на САД да ја преземат контролата врз оваа територија. Санчез го изјави ова за време на прес-конференцијата во Париз по самитот за Украина со меѓународните партнери.

Во исто време, шпанскиот премиер се заложи за зајакнување на мултилатерализмот, соработката и почитувањето на заедничките правила, бидејќи во спротивно, како што предупреди, ќе биде загрозена глобалната стабилност. Според Санчез, Шпанија „може да игра посредничка улога“, што би довело до „транзиција“ и, на крајот, „слободни избори“ за Венецуела.

Тој ја потврди својата намера да остане во контакт со Делси Родригез, поранешната потпретседателка која положи заклетва како привремен претседател на Венецуела, како и со лидерот на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалез.

Во врска со посветеноста кон граѓаните на Венецуела, Санчез потсети дека, откако тој стана премиер, „повеќе од 200.000 дозволи за престој од хуманитарни причини им се доделени на Венецуелци кои ја напуштиле Венецуела затоа што биле прогонувани од режимот на Мадуро“.

Најнови вести од: Свет

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Нов прекин на Фејсбук: Корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

„Гугл“ ќе плати рекордна казна од 4,6 милијарди евра, парите одат во буџетот на ЕУ

ЕУ би можела да обезбеди дополнителни приходи и од новата царина од три евра за евтините пратки што влегуваат во Унијата. Од тие приходи, ЕУ ќе задржува 75 проценти, а остатокот ќе им припаѓа на земјите членки.

To top